Logo
Донирај

Прочитај повеќе!

Изјава на Билјана Марковска, раководител на одделение за Јавни дејности во општина Берово за акцијата во Берово

Се надевам дека поставувањето на заштитната ограда на критичните места на улицата 23 Август во ромското маало во Берово, навидум изгледа мал проект, но во суштина е од големо занчање за безбедноста на граѓаните кои што живеат во овој дел од градот, а посебно за безбедноста на дечињата кои се движат по истоимената улица

Зоран Биковски од НВО ,,КХАМ" за акцијата во Црник

Обезбедивме здрава и чиста средина со цел економско јакнење и воздигнување на ова село кое има голем економски капацитет и потенцијал кое еден ден е сигурен дека ќе прерасне и во потенцијален туристички центар.

Директорката Васка Симовска за акцијата во Црник

Со реализацијата на проектот, градинката обезеди можност за сите родители да ги носат децата во целодневен престој, за да можат нивните мајки да одат на работа.

Градоначалникот Китански за акцијата во Црник

Проектот е многу важен бидејќи дечињата претходно немаа целодневна настава. Во самиот објект, покрај дренирањето и решавањето на проблемот со влагата, извршена е и целосна реконструкција на внатрешноста на градинката со поставување на нови реквизити, нова опрема, нови креветчиња, како и поставување реквизити во надворешниот дел на објектот, со што најмалите своето време ќе можат да го исполнат во квалитетна детска игра.

Асфалтирана улица во село Криволак Неготинско

Заврши асфалтирањето на улицата во Долно маало во Криволак, во должина од 410 метри, во тој дел на ова населено место живее претежно Ромско население, но има и од другите националности, информираше вечерва Сафет Темуровски, активист за заштита на правата на Ромите во Тиквешијата и пошироко.

Започна асфалтирањето на нова улица во Криволак во должина од 410 метри

По завршувањето на неопходните подготвителни активности за изградба на нова улица кои се одвиваа во изминатиот период, изградбата на улицата во село Криволак во должина од 410 метри финишира со нејзино комплетно асфалтирање.

Во Калуѓерица поставена мини-фотоволтаична централа

Се изврши увид во работите на поставената мини-фотоволтаична централа на Домот на Културата во населено место Калуѓерица, со кое се предвидува намалување на трошоците за електрична енергија за улично осветлување за 30%. Овој проект е предвиден за намалување на трошоците на електрична енергија за улично осветлување во руралните населени места преку искористување на обновливи извори на енергија. Партнери во проектот се Општина Радовиш, Ромалитико, Мрежа за рурален развој, УСАИД Проект “Програма за развој на заедницата“ и ЛАГ Плачковица.

Поставена мини-фотоволтаична централа на Домот на Културата во Калуѓерица

Поставена мини-фотоволтаична централа на Домот на Културата во населено место Калуѓерица, со кое се предвидува намалување на трошоците за електрична енергија за улично осветлување за 30%.

Во подрачното училиште во с.Црник во тек проектна активност вредна 2 милиони денари

Во Пехчево во тек проектна акција вредна околу 2 милиони денари чија крајна цел е изградба на два тоалети во подрачното О.У. „Ванчо Китанов“.

Потпишан договорот за реализација на локална акција „Доградба на тоалети во ООУ „Ванчо Китанов“ – село Црник, Пехчево

Во Пехчево денес е потпишан договорот за реализација на локална акција „Доградба на тоалети во ООУ „Ванчо Китанов“ – село Црник, Пехчево. Договорот го потпишаа градоначалникот на Пехчево, Александар Китански и претставници на Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико.

Во Пехчево потпишан договор за реконструкција на градинката во село Црник

Во Пехчево беше потпишан договор за реализација на локална акција „Реконструкција на градинка во село Црник и изведба на дренажа“. Договорот денеска го потпишаа градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански, проектниот директор на Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико, Суад Скендери, и директорката на Детската градинка „7 Септември – Пехчево“, Васка Симовска.

Потпишан договорот за „Реконструкција на градинка во село Црник и изведба на дренажа”

Во Пехчево потпишан договорот за реализација на локалната акција „Реконструкција на градинка во село Црник и изведба на дренажа“. Договорот денес го потпишаа градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански, проектниот директор на Институтот за истражување и анализа на политики Ромалитико, Суад Скендери и директорката на Детската градинка „7 Септември – Пехчево“, Васка Симовска.

Во село Црник, пехчевско, презентирани резултатите од проектот за внатрешна реконструкција на градинката ,,7 Септември"

Во Пехчево заврши реализацијата на проектната акција чија крајна цел беше изградба на дренажа и внатрешна реконструкција на градинката ,,7 Септември" во село Црник. Со активноста која се реализира со поддршка на повеќе чинители, овозможен е целодневен престој на дечињата во градинката и долгогодишниот проблем со посточеката влага во установата кој целосно е решен.

Во Пехчево потпишан договор за реконструкција на градинката во село Црник

Во Пехчево беше потпишан договор за реализација на локална акција „Реконструкција на градинка во село Црник и изведба на дренажа“.

ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ ЗА БЕТОНИРАЊЕ КРАК ОД УЛИЦАТА „СТАМЕН МАНОВ“

Општина Кочани и здружението „Ромалитико“, заеднички ќе го реализираат проектот за бетонирање крак на улицата „Стамен Манов“ во Ромското Маало во Кочани, за што денеска, двете страни го потпишаа договорот.

Потпишан договор за реконструкција на дел од улицата „Стамен Манов“ во кочанското Ромско Маало

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов денеска го потпиша договорот со Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“, за реконструкција на дел од улицата „Стамен Манов“ во Кочани.

Потпишан договорот за реализација на проектот за бетонирање крак од улицата „Стамен Манов“

Општина Кочани и здружението „Ромалитико“, заеднички ќе го реализираат проектот за бетонирање крак на улицата „Стамен Манов“ во Ромското Маало во Кочани, за што денеска, двете страни го потпишаа договорот.

ОПШТИНА КОЧАНИ ПОТПИША ДОГОВОР СО „РОМАЛИТИКО“

Потпишан договорот за реализација на проектот за бетонирање крак од улицата „Стамен Манов“. Општина Кочани и здружението „Ромалитико“, заеднички ќе го реализираат проектот за бетонирање крак на улицата „Стамен Манов“ во Ромското Маало во Кочани, за што денеска, двете страни го потпишаа договорот.

Во Кочани ќе се доградува улица “Стамен Манов”

Општина Кочани и здружението „Ромалитико“, заеднички ќе го реализираат проектот за бетонирање крак на улицата „Стамен Манов“ во Ромското Маало во Кочани, за што денеска, двете страни го потпишаа договорот.

Крак од главната улица кон Света Недела во Штип добива бетон, инвестицијата е 2,5 милиони денари

По подолг временски период од денеска започнаа активности за бетонирање на крак од главната улица која води кон црквата Света Недела во Штип. Активностите на терен опфаќаат бетонирање на овој крак, но ќе се работи и на главнта улица со цел да се санираат недостатоците и да се спречат наносите од земја и кал. Проектот вреден два ипол милиони денари е на Општина Штип, Министерството за транспорт и врски и организацјата Ромалитико.

Бетониран крак од улицата кон Света Недела во Штип – граѓаните задоволни

По повеќе од една деценија денеска се бетонираше крак од главната улица која води кон црквата Света Недела во Штип. Активностите на терен за подготовка на улицата за бетонирање започнаа пред еден месец, а предвидено е да се работи и на санација на целата улица, а не само на еден крак. Жителите се задоволни, велат кончено по подголго време ќе биде санирана и нивната улица, децата нема да одат по кал во училиште, а ќе може да доаѓа и такси возило.

Турнир во мал фудбал во населба Баир за одбележување на Меѓународниот ден на Ромите (фотогалерија)

Денес жителите на населба Баир имаа можност да уживаат, да се забавуваат и во спортски дух да го одбележат Меѓунарониот ден на Ромите.

Финализирана локалната акција за поставување на јавно осветлување со соларно напојување во ромските маала во Радовиш

Претставници од Институтотза истражување и анализа на политики „Ромалитико” од Скопје, беа во општина Радовиш за да ја финализираат локалната акција за поставување на јавно осветлување со соларно напојување во ромските маала.

Бетониран крак од улицата „Широк дол“ во Штип со цел подобар живот на Ромското население

Крак на улица Широк дол во Штип бетонирана од страна на Огранизацијата „Институт за истражување и анализа на политики“ – Ромалитико од Скопје. Ова е втора вакава акција, улицата е во должина од 40 метри и е од корист на 50 граѓани кои живеат или транзитираат во овој дел од градот.

„Ромалитико“ постави садови за отпад и сферно огледало во Ромското маало во Кочани

Во рамки на проектот „Заедно за просперитетна заедница“, ромската невладина организација „Ромалитико“ постави урбана опрема во Ромското маало во Кочани.

Соработка на градоначалникот Миле Петков со Ромската заедница во Виница

Во рамки на програмските определби на градоначалникот на општина Виница Миле Петков финишираше реализацијата на локалната иницијатива на Ромската заедница во општината за подобрување на условите за учениците кои што чекаат јавен превоз пред основните училишта во Виница.

Виница – Поставени две настрешници на постојки за јавен превоз

Завршени се активностите на локалната иницијатива на Ромската заедница во Виница за поставување на две настрешници за чекање на јавен превоз за децата од основните училишта.

Поставени заштитни банкини на улицата „23 август“ во ромското маало во Берово

Во рамки на проектот „Заедно за просперитетна заедница“ на улицата 23 Август во ромското маало во Берово, се поставени заштитни банки на критичните места, со што е подобрена безбедноста на граѓаните во овој дел од градот. Важна улога во процесот на планирање, финансирање и имплементацијата на оваа иницијатива имаше локалното ромско население, кое даде свој придонес во транспортот на материјалите и нивна припрема како и работна рака во монтажа и бојадисување. За успешна реализација на оваа иницијатива важна улога имаше остварената добра соработка со општината, која обезбеди придонес преку набавка на банкините и надзор на целокупната работа од страна на двајца локални инспектори.

Бетонирана улица во ромското маало во Штип преку проект за подобри услови на Ромите

Нова, бетонирана улица доби ромското маало во Штип. Акцијата е во рамки на проект преку Институтот „Ромалитико“, а е во насока на подобрување на условите за живеење на ромската заедница. Пристапната улица е во полза на педесетина куќи коишто живеат во овој дел од градот и нема да биде последен ваков проект во Штип.

Се чистеше детското катче во Бавчи

Членови на институтот Ромалитико, граѓани и вработени во јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ денеска го чистеа од смет детското катче во Бавчи. Со акцијата која е во рамки на проектот „Заедно за просперитетна заедница“ кој го спроведува Ромалитико, е по повод Меѓународниот ден на планетата Земја. Во втората фаза од акцијата е предвидено и обновување на катчето.

Реконструирање на дел од водоводната мрежа на ул. Иво Лола Рибар

Градоначалникот на Општина Виница Миле Петков и Суад Скендери, Проектен директор во Институтот за истражување и развој на политики- РОМАЛИТИКО, денес потпишаа договор за реализација на локалната акција „Реконструирање на дел од водоводната мрежа на ул. Иво Лола Рибар“ –Ромско маало, Виница